Оваа кампања има за цел да ги поддржи напорите на луѓето со ХИВ против стигмата и дискриминацијата, а воедно е насочена кон поттикнување на општествената одговорност во врска со овој здравствен и социјален проблем, бидејќи ХИВ нè засега сите нас.
Централен настан на кампањата ќе биде донаторскиот концерт на оперски арии организиран во партнерство со Македонската опера и балет, на 1 декември 2012 год. со почеток во 20:00 часот, на кој ќе настапат првенците на македонската опера.
Концертот и кампањата се поддржани од Претседателот на Република Македонија, г-дин Ѓорге Иванов, како и од агенциите на Обединетите нации во Македонија. Заштитно лице на кампањата е поп-ѕвездата Каролина Гочева.
Ве повикуваме да направите донација, со што ќе обезбедите билети за концертот на 1 декември. Една единица на донација изнесува 1500 денари, за што следува 1 билет за концертот на оперски арии. Со Вашата донација директно ќе ги поддржите луѓето што живеат со ХИВ во Република Македонија.
Средствата што ќе се соберат се наменети за обезбедување материјална помош за лицата со ХИВ-инфекција кои живеат под линијата на сиромаштија, во текот на 2013 година, а дополнително и за покривање на итни здравствени потреби, во случаи кога определена услуга е неопходна, а се уште не е обезбедена во рамките на здравствениот систем.
Донацијата можете да ја извршите на 2 начина:
1. Преку жиро-сметката на „Заедно посилни", администрирана од ХЕРА:
- Се потпишува договор за донација на средства
- Средствата се префрлаат на жиро сметката 300-0000032094-75, депонент на Комерцијална Банка АД Скопје
- Цел на дознака на плаќањето: Карти за донаторски концерт
- Во полето за повикување на број треба да се впише архивскиот број на договорот за донација
2. Доколку сакате да направите исплата во готово, Ве молам да ја контактирате Христина Несторовска на следнава електронска адреса:hristina.nestorovska@hera.org.mk , или на телефон 02/ 3290 395.
Ние ќе подготвиме и ќе Ви доставиме договор за донација.
Видео од успешно организираниот настан минатата година: