Pepsi одбележа 40 години во Македонија со гламурозна прослава

Возејќи кон Музејот на Град Скопје не можеш, а да не ја забележиш огромната видео проекција на целата катна гаража Македонска Фаланга. 40 ГОДИНИ PEPSI ВО МАКЕДОНИЈА се анимира на фасадата во препознатливите Pepsi бои. Во истиот момент и небото над Скопје се обојува во сино, поради спектакуларниот огномет од врвот на зградата. А таму горе, Прилепска Пиварница прославува два исклучително значајни јубилеи за компанијата и нашата држава – 40 години Pepsi и 95 години Прилепска Пиварница во Македонија.

Со гламурозна прослава на која можеа да позавидат и високите преставници од PepsiCo кои долетаа специјално за овој настан, Прилепска Пиварница прослави заедно со своите пријатели, соработници и бизнис партнери. Марјана Станојковска, облечена во припиен син фустан ја водеше вечерта во која збор земаа генералниот директор Сашко Самарџиоски и Претседателот на УО Кирил Самарџиоски, пред да се качи на сцената франшизниот директор на PepsiCo одговорен за 19 пазари во Европа, Атила Кешег, кој не штедеше пофални зборови потенцирајќи ја реткоста на така долготраен договор за соработка како тој помеѓу неговата компанија и Прилепска Пиварница.

Следеше доделување на признание, сребрена награда за квалитет за 2018 во рамки на групациајта PepsiCo, уште едно во низата награди кои Прилепска Пиварница ги освојува  последниве десетина години.

“За ова не е заслужен ниту еден поединец, ниту јас, ниту мојата сестра, ниту било кој друг. Заслужен е колективот. Прекрасните дами и господа кои секојдневно даваат максимум од себе, кои со својот раст прават да расте и компанијата, и кои се дел од фамилијата на Прилепска Пиварница!” – изјави генералниот директор Самарџиоски.

Фантастичниот огномет го означи крајот на официјалниот дел и почетокот на забавата која траеше до доцна во вечерта, а за која беа задолжени Каролина Гочева и бендот Саут Парк. Присутни беа голем број на познати лица од јавниот живот, бизнис заедницата, како и медиуми кои го покриваа настанот.

Во овие 40 години соработка, Прилепска Пиварница и PepsiCo имаат инвестирано преку 50 милиони долари во Македонија за маркетинг, основни средства и инвестиции во производство. Во тек е и голема наградна игра со која Прилепска им се заблагодарува за верноста на своите Pepsi конзументи. Секој ден од овој месец, компанијата извлекува по еден добитник на 40.000 денари, а на 1 јули ќе го има и главното извлекување во кое најсреќниот фан на Pepsi ќе освои дури 400.000 денари!

(Комерцијален текст)

 

21 јуни 2019 - 09:56