Завршницата во плејофот од Супер лигата во ракомет, станува супер интересна. Ѕирнете ги табелата и распоредот до крај. Три екипи се во игра за титулата и на никој нема да му биде лесно.
Покрај тоа што го заврши мечот како прв стрелец со 6 гола, исто колку што даде Нејц Цехте од Еурофарм, Косуке Јасухира се истакна и со две феноменални асистенции кои се издвоија на мечот и тоа и двете до Милан Лазаревски. Инаку Вардарци го добија дербито против битолчани со 24:20 и математички останаа во игра за титулата.
Од спортските викенд возбудувања, најголемо на домашната сцена беше се разбира ракометното дерби во плејофот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар кое домаќините го добија со 27:21. Словенечкиот голман Урбан Лесјак го заврши на начин со кој ја крена на нозе цела сала во Битола. Статива, па две одбрани за делириум меѓу навивачите.
Полуфиналето меѓу Франција и Шведска, кое Французите го решија во продолженија после слободен удар по истекот на 60-те минути е вистинска реткост во ракометот. Таков финиш се памети и на дербито меѓу Пелистер и Вардар на 11 октомври 2006-та. Проектилот го постигна Дејан Пецаковски, за победа и делириум во салата Младост.
Македонската радио телевизија (МРТ) ја израдува спортската јавност во земјава, откако соопштија дека ќе ги даваат натпреварите на македонските клубови во еврокуповите.