Вардар им се врати на победите и ја совлада Војводина со 25:21 во меч од СЕХА лигата. Капитенот Стоилов уште неодморен од Мундијалот во Египет, се истакна со неговата препознатлива шрауба, секогаш атрактивна за око.
Познат е списокот на репрезентативци кои со чартер лет ќе отпатуваат во Египет и ќе бидат дел од најголемиот ракометен собир на светот, кој од познати причини ќе се игра без публика. Селекторот Брестовац се реши за млади, полетни сили кои треба да бидат иднина на селекцијата.
Вардар бие тешка битка против Кјелце кој важи за фаворит на гостувањето во Јане Сандански. Пољаците водеа +4 на полувреме, а капитенот намали на +3 со еден удар на прва во кој го истури цел бес што не им оди.
Каква пауза, каква корона, какви бакрачи. Вардарци вечерва блеснаа против Фленсбург, а играч на мечот беше Столе Стоилов кој ги растури Германците и направи шоу во стилот на Индира Кастратовиќ, без да гледа во гол. Уживајте.
И покрај тоа што пред девет месеци имаше најави дека Вардар ќе добие финансиска помош од домашни компании и бизнисмени, сепак денешната прес конференција на која се појави капитенот делува многу загрижувачка за македонскиот спортски бренд.