Ракометарите на РК Вардар за два дена во Јане Сандански го играат првиот четвртфинален меч против силниот Кјелце, а капитенот Филип Лазаров истовремено посакува успех и за женскиот состав кој два и пол часа претходно го игра реваншот против Ѓер.
Започнува европската одисеја на македонските фудбалски клубови, односно натпреварувањата од каде што тие можат да извадат цели буџети, но најчесто завршуваат со минималната сумa од солидарниот фонд на УЕФА.
Актуелниот македонски шампион по денешната ждрепка во Нион ќе треба да се соочи со можеби најтешкиот противник во второто коло од квалификациите во најсилното клупско европско натпреварување.