Мартин Толовски од Фејсбук (понекогаш @DossierMartin на Твитер) е некој кој има одлична смисла да го фати духот на времето и да поентира онаму каде што најмногу ги боли партиските парамециуми и сличните микророганизми кои живуркаат на дното на кацата. Таквите секогаш па и овојпат се покажувале како ранливи категории во однос на слободната, заебаната и во сите правци разиграна мисла, особено што не му го знаат идентитетот па не можат да му калемат паланечки бљувотини. А ако нас нè прашате кој е Мартин, ние би можеле само да ви кажеме - Толовски.
18 ноември 2020 - 15:22