Обраќањето на диригент пред концерт не е нешто необично. Но диригент да се огради од изведбата, пред да биде исвирена една единствена нота е незамисливо. Па сепак, тоа се случило, во Карнеги Хол, во 1962.
Секој кој бил макар на еден оркестарски концерт во животот го знае оној момент на тишина пред на сцената да излезе диригентот, кој како генерал на музичката војска го одредува протоколот, но и квалитетот на изведбата. За многумина неговото (или нејзиното) присуство на сцената со палка во раката е мистерија.
Се разбира дека нема потреба да знаеш што е тоа „канон" или „арпеџо" за некое парче музика да те погоди право в срце. Но што ако има начин некој да ти го анализира нота по нота, а сепак да не ти го расипе, туку напротив да направи уште повеќе да го цениш?