Таа е интелектуалка, интересна, малку романтична – но не ги одобрува стварите многу лесно, а не се ни смее пречесто. Ќе трчка со балетанки од Шанел, или боса ако е на одмор. Има свој парфем. Јаде сирења без размислување и цела вечер ќе лигави една чаша вино затоа што е мајстор за умереност. Скоро секогаш е бела, хетеро и слаба, и можеш убаво да ја замислиш само ако тенденциозно ги игнорираш сите други Французинки чија што дневна рутина не вклучува возење точак покрај Сена во мини сукња и со багети под мишка.
11 јули 2017 - 11:26