Шокантни вести за навивачите на Милан, само еден ден откако плачеа за заминувањето на Ибра. Цел италијански печат пишува дека газдата на Милан, Гери Кардинале ги отпуштил двајцата директори кои го изградија шампионскиот тим.
Додека вртиш спортски канали и се мислиш што да гледаш, некако први во око ти паѓаат преполните стадиони во Англија и Германија и депресивно сивите полупразни арени во Италија. Зошто е тоа така?
Кога Мурињо праќа некој на позајмица во Италија, тоа никогаш не е добар претзнак. Прашајте во Милан, Интер или на пример во Фиорентина, за случајот Марин. Сепак, Мурињо погреши со египетскиот Меси, кој не доби права шанса.