Поприлично во склад со своето презиме, Љубан Црепуља кој игра за Астра Ѓурѓу во Романија, на мечот против ЦФР Клуж (0:2) си даде автогол каков што сериозно ретко се гледа.
Романскиот клупски фудбал важи за еден од најзабавните во Европа, поради тоа што редовно има некои циркузи. Како на пример она со правилото за задолжителен млад играч на теренот од стартот.
Клуж - Астра е 3:4. Изминуваат продолженијата од два пати по 15 минути и се играат последните секунди. Гостите влечат контра, голманот е излезен и даваат гол за конечни 3:5, арно ама ова е романски фудбал, во случајов куп и тоа не оди така како што мислите. Зошто ја допре побогу, па веќе беше влезена?