Ова е еден од оние филмови кои или сосема ќе ве „освежат", или ќе ги прекинете на пола и ќе посакате никогаш да не сте ги гледале. Ние сме од освежените.
Човекот кого Бароуз го нарече „папа на трешот", режисер на антологиските „Розеви фламингоси", „Полиестер" и „Спреј за коса", зборува за стопирањето низ Америка и неговото ново шоу, „Овој валкан свет".