Градот кој до 2016 го носеше името Артемовск, е еден од градовите на Украина кои војнава неколку пати ги сменија газдите. Моментално се под украинска власт, што подразбира дека и украинска војска е заглавена во рововите околу градот. Не на нивно големо задоволство. Снимките од рововите што доаѓаат од таму се како од сценографија за филм од Прва светска војна.
Војната во Украина изминативе месеци и нема некои херојски битки гради во гради туку главно се троши артилериска муниција, а и така се гине, во ров, од проектил што, за разлика од војников, не си го чул или касно си го чул.
Ретка снимка од дрон од директен судир и операција за освојување и чистење ров во Украина. Војници наредени како ПЕЗ бомбони, ни лево ни десно, само напред, само на нишан. Ништо повеќе смелост да се влезе во ровот, ништо помалку смелост да се брани ровот.
Во центарот на Киев, на местото каде што порано имаше споменик на Ленин, вчера беше поставена скулптура која неодоливо потсетува на ликот на Путин со пиштол во уста. Автор на скулптурата е Дмитро Ив а неговата порака до „Путлер“ е „Застрелај се“.
Во обид да го спречат падот на престолнината на Украина, безбедносните власти утрово ги повикаа граѓаните на Киев со Молотови коктели да им се спротивстават на руските сили. Веќе на пладне властите почнаа да делат воено оружје на секој што сака да земе и да се бори за одбрана на Киев. Киевјани го прифатија повикот.