Додека ФБ статусите на Ненад Јовановиќ се поцитирани од трудовите на овие македонски научни великани злистани на Стенфорд, дотогаш Македонија ќе биде тоа што е.
„Бевме и во Македонија и во Грција и, што се оденсува до јадењето, чист победник е Македонија. Имаат повеќе страст, повеќе конзистентност и посвежи состојки“, објавуваат The Budget Savvy Travelers. Одма рипнаа Грци (и по некој Бугар) да дрват. Не за храната, нормално. Ја знаете нивната лакомост.
Се собрале од бугарската амбасада во Македонија за да му одадат последен поздрав на неодамна починатиот Пеле (ништо чудно ако и него не го рачунаат за Бугар). Со пригодна реч и минута молчење. Со себе го имаат неговиот „најљубим предмет“ - топката. Но имаат и сценарио во кое топката не е пасивна.
Бугари направиле уште едно сочинение од нивните две најголеми способности: да прават глупа музика и да лупетаат за својата големина. Промо песна за бугарскиот туризам при што аргументите им се малку тенки па за Црното море ќе можат само да кажат „од бетон е целото, ама многу е добре“. Капа долу за Галена и Бургас 63.
Многу навивачки групи периодов ја поддржаа Украина и ги осудија нападите на Путин. Некои им удрија контра со анти НАТО пароли за нападите во Србија. Бугариве па Трамп го бараат назад. Секој со своето.
По руското бомбардирање на касарната во Јаворив по социјалните мрежи почнаа да се шират многу (многу непотврдени) сведоштва од наводни волонтери на украинската страна кои одеа во најразличен правец на пропаганда на двете страни (едно доста впечатливо од француски волонтер вика „многу е различно од Авганистан, таму ти ги нарачуваш ракетните напади, никој тебе не те гаѓа со ракети“). Нешто поофицијално од нив е разговорот што магазинот 1843 на Економист го има со британски волонтер кој бил и веќе се вратил од Украина.