Ѓоковиќ проба корона-драмата милеровски да ја напушти. Да обзнани дека животот мора да продолжи понатаму а ова што го имавме во претходните месеци не е живот и никогаш не смееме да прифатиме да го дефинираме како живот. Праведниците и душегрижниците ќе му се лутат како што ни се лутат и нам, малите и анонимни граѓани кои би сакале, малку од малку, да ги живуцкаме нашите животи, да се дружиме - дури и да се допираме и љубиме, јеботе! - да седиме во кафани, да одиме во театар (нема да ни дадат, не се секирајте) и генерално, да се однесуваме некако нестерилно.
28 јуни 2020 - 13:26