Новак Ѓоковиќ како и често пати, беше да ја бодри Црвена Ѕвезда во живо на мечот против Валенсија од Евролигата кој белграѓани го добија 92:73. Камера го улови како му дава пари на едно од децата кои се сликаа со него.
Светскиот рекет број 1 го бива за шампионски потези и кога не држи рекет в раце. На Петар од Македонија кој е негов навивач и кој има аутизам, срцето му го исполни со само еден клип.
Па богами не се гледа секој ден светскиот рекет број 1 да го шета кучето на улица, да му се соберат деца, а тој да застане и да дава совети за тоа како се држи рекет и слично. Му се посвети целосно на малиот, цар.