Левски и ЦСКА Софија се соочија со порази од Вардар во Балканика купот одигран во Сандански за играчи од генерацијата 2004-та. Иднината на Вардар ја води нивниот легендарен голман, Слободан Мутибариќ кој беше дел од шампионскиот тим на Југославија 1987 година. Децата со препознатливата песна на Комити им упатија поздрав од Бугарија.
Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија има многу мотиви за пролетниот дел од сезоната. Откако во клубот конечно дувнаа позитивни ветришта со нов газда, инвестиции, стабилност и модерен тренинг камп, на пролет може да стигне до голем историски јубилеј.
По фамата која што се крена околу евентуалното доаѓање на Русинот Андреј Аршавин во Вардар, се обидовме да видиме кои други играчи немаат работа во моментов а би можеле да тргнат на пат кон источна Европа, па и западен Балкан.
Пишувањата на македонските портали дека поранешен фудбалер на Арсенал има шанси да го гледаме на Филип Втори во дрес на Вардар, нè скокотнаа да провериме дали има вистина во тоа.