Гостите од Кипар влегоа во судир со редарите и полицијата откако на околу половина час пред почетокот на мечот извадија грчко и српско знаме. Туркањата почнаа откако службите за безбедност одлучија да им ги одземат.
Фрлањето бубрези, пиперки, тениски топчиња и смрдлива риба за навивачите на Будуќност од Подгорица се само навивачки декор и подгорички хумор, ништо повеќе од тоа. Свесни се дека претераа во борбата со Душко Вујошевиќ, но немаат намера да прекинат.
Како големи љубители на спорт, особено фудбал секојдневната наша пасија и обврска ни е да ви го пренесеме најинтересното, најзабавното за читање и тоа што сметаме дека е најуникатно за Офсајд. Но фудбалот носи многу страст и емоции, а тоа ќе ви го раскажат наши деца кои патуваат илјадници километри за својот омилен клуб.
Во изминатата година, ултрасите не береа многу гајле, освен добро да се истепаат, па така инциденти имаше од Рим до Париз, преку Истанбул и Киев, до Мадрид, Скопје и Битола.