Светскиот ракометен Мундијал во Доха ќе го собере кремот на овој спорт во периодот од 15 јануари до 1 февруари. Голем број на важни играчи нема да бидат дел од спектаклот поради повреда, силна конкуренција или поради тоа што нивните селекции не се пласираа.
На 6 февруари стартува гласањето за најдобар гол со цепелин во ракометната ЛШ, а во изборот ги има и ремек делата на вардарците Лазаров, Дибиров и Брумен. ЕХФ во меѓувреме ископа два историски погодока од архива од сезоната 2010/2011.
Во изминатата година, ултрасите не береа многу гајле, освен добро да се истепаат, па така инциденти имаше од Рим до Париз, преку Истанбул и Киев, до Мадрид, Скопје и Битола.
Двете интервенции во ист напад на голманот на Вардар против Рајн Некар и онаа на поранешниот голман на Металург против ПСЖ, влегоа во потесниот избор на ЕХФ кој состави листа на најдобри одбрани од првиот дел од сезонава во Лигата на шампионите.