Поранешниот фудбалер на Интер, Рома и Фламенго, по катастрофалните изданија во Бразил, реши да му се врати на европскиот фудбал и потпиша договор со францускиот второлигаш Ле Авр.
Поранешниот бразилски репрезентативец не е воопшто добар пример за успешна и долга кариера. Од четирикратен освојувач на Скудетото со тимот на Интер, постои можност да заврши во италијанска аматерска лига.