Градското дерби меѓу Вардар и Работнички викендов се врати онаму каде што му е местото, на Градски. Навивачка атмосфера, песни, Комити, Вршац, пиво, легенди, бивши спонзори и претседатели. Убаво.
Еурофарм загуби на гостувањето против Вардар со 24:20, но имаат +2 во однос на ривалот, како и подобар меѓусебен скор, што значи ако не кикснат до крајот на сезоната, ќе ја одбранат титулата. Чкембари ги пречекаа и порачаа дека и оваа година ќе бидат шампиони.
Фудбалерите на Вардар стигнаа до многу важни 3 бода во борбата за опстанок. На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари го совладаа градскиот ривал Работнички. Стрелец на единствениот гол на мечот беше Дарко Глишиќ кој со едно безопасно нафрлување од корнер, го совлада голманот Алексовски кој остана збунет.
Стартот на 23-та сезона од македонскиот фудбалски шампионат е убедливо најлошиот од осамостојувањето на Македонија. Главна тема беше ужасот во Битола и змијата во Кратово, а за фудбал не се зборуваше.