Јасно е дека самиот термин „мислител" е крајно сомнителен. Сите нешто си мислиме, па тоа не значи дека сме квалификувани за дејноста (има ли „средно мислечко"?), или пак дека од неа можеме да живееме. Да речеме дека овие луѓе се она што денес се подразбира под „интелектуалец". А нему му е работа да - мисли, без оглед која година е.
Го прашуваат Ричард Докинс како ја оправдува вербата во науката, во тоа дека научниот метод нè приближува до вистината... И тој одговара прописно, но, чекајте го моментот, аплаузот го добива за нешто скроз не-научно. Цар!