Пред многу години, мојот прв драмски текст „Глоговиот џбун“ го нудев насекаде. Не го одбија само таму каде што не сум го понудил. И кога решив да дадам свој огромен придонес во македонската драматургија (решив да престанам да пишувам драми!) се појави Ристо Стефановски и ме извлече од дното на мојата разочараност и безнадежност.