Знаете ли кој актуелен играч на Сините има најдолг стаж во Лондон? Не е Џон Тери, тој си замина. Се вика Матеј Делач, голман е и вели дека стекнал многу искуство во Челси, а се нема појавено ниту во Лига Куп.
Името на носителот на нашето признание сигурно не ви е познато, но тој и тоа како си го заслужи. Тренерот на младинците на Џенова во „Рамбо" издание од грмушки го шпионирал тренингот на најголемиот ривал Сампдорија.