Последното домашно видео на тема жена версус паркинг, ја потврди тезата дека Господ на жените им дал да живеат просечно 8 години подолго од мажите само за да им го компензира времето изгубено на паркирање. Да пробаме да помогнеме на темава:
Не сме сигурни колку се ефикасни нашите "богати и славни" пакетчиња бидејќи функционираат на база на претпоставен срам, а срамот е дефицитарна роба наоколу. Можеби казната за идиотите кои ни ги прават градовите грди треба да се испорача подиректно.