Глазгов, околу 1914 - нервозата во халата Сент Ендруз расте. Јата суфражетки и полицајци ја чекаат најважната жена во тој момент, Емелин Панкхерст да се појави, а потоа и да се бори против сопственото апсење. Тензијата е толку густа што може да се сече со нож. Или да се скрши со карате-потег, како и во концептот што го имало тајното женско друштво на феминистки, The Bodyguard. Умни и во корсети - можеле да превртат маж како палачинка.
8 март 2021 - 11:30