Со 25 поени, 12 скокови и 8 асистенции Лука Дончиќ ја доби балканската битка против Богдан Богдановиќ кој постигна 17 поени, 7 скока и 2 асистенции на дуелот Далас - Аталанта 109:95. Словенечната и српската ѕвезда претходно направија забава со тројки од центар.
Во јубилејното 70. издание на НБА Ол-Старот, во „Стејт Фарм“ Арената во Атланта, тимот предводен од Леброн Џејмс и Јанис Антетокумпо издоминира јако против тимот на Дурент 170:150, по четвртини /40:39, 60:41, 46:45, 25:24/.
Веќе стана три децениска традиција НБА лигата да блеска со балкански сјај и тоа со играчи кои се сериозно опасни со баскет в рака. Со други зборови колото беше лудачко, затоа што вечер за паметење имаа Јокиќ, Дончиќ, Џејмс и Кари.