Ноќеска на Клиперси им фукна 50 поени, а рекордот му е 62 против Портланд пред две години. Дефинитивно еден од најјаките шутери во историјата на НБА, ако не и најјак. Не е нормален.
Иако некогашниот НБА хегемон во минатата и новава сезона изгледа растурен (два убедливи порази на старт од Милвоки и Бруклин), навивачите на овој клуб ги радува добрата форма на најголемата ѕвезда Стеф Кари. Некогашниот МВП во лигата на еден тренинг на Вориорс постигнал 105 тројки по ред од исто место за 5 минути.