Не знаеме дали е ова нормално или не, а можеби е нормално штом влегува во оквирот на балканскиот фудбал. Иако ова е класична вест адекватна за селски фудбал, а не за играч од клуб кој игра и во Лига на шампиони.
Што куцање имаме удрено од март 2012-та до сега на сајтов, што веќе не ни знаеме и нема шанси да запаметиме каков мастраф држиме во архива. Што ни е поентата? Па со генералниот секретар на КОНИФА сме правеле интервју и пред неполни шест години, ама кој да памти.
По тешки и исцрпувачки шест месеци, познатиот бразилски напаѓач кој играше во Реал, го напушта романскиот фудбал. Клубот му се заблагодари за неговиот придонес кој се состои од неверојатни 43 минути, како и ќорав постигнал гол.
Се најдоа двајца другари од порано, со добронамерна цел да го спасат клубот од очај по барање на едниот. Арно ама овој што побара помош го набркаа бидејќи губеше од кој стигне, а другиот се заеба и стана Офсајд лик на неделата.