Ако треба да одбереме Офсајд лик на денот, неделата и месецот, тоа сигурно ќе биде човекот кој се соочи со елиминација во Лига на шампиони од екипа чии играчи заедно не заработуваат годишно, колку тој што заработува месечно.
Одигра 181 натпревар за тимот од „Олд Трафорд“, а сумата која ја платија Црвените ѓаволи за него ветуваше дека ќе добијат екстра засилување во среден ред. Сега има 26 години и се наоѓа во зенитот од кариерата, но по само половина час игра побара замена.