За да те почитуваат клинците на кои можеш да им бидеш дедо, не можеш само да бидеш строг со нив. Мора да изнајдеш начин на кој взаемно ќе се респектирате. Еднаш Дешам им пуштил современ рапер во автобус, тие му вратиле со баритон и класика од негово време.
Друже Трендо,
Откако се затворивме по дома поради ситуацијава, драстично се зголеми бројот на експерти за 5G, експерти за корона и експерти за вакцини. Во најголем случај се експерти и за трите, а можеби и за кемтрејлс.
Оваа викаат дека ќе биде изборна година. Пропагандните машинерии сè уште не се забревтани до максимум ама кај и да е - ќе. Па да биде јасно за нас, и на тие што ги водат машинериите и на тие што доброволно горат во нив по социјалните мрежи.