„Ментор“ е искусен човек од доверба, без оглед дали станува збор за професионалец во некоја област или нечија баба. Односот на менторот со ученикот е двостран и подразбира одговорност на двете страни. А името доаѓа од Хомеровата „Одисеја“.
Марија Ана Валбурга Игнација Моцарт, чиј прекар бил Нанерл, била дете-генијалче како и нејзиниот брат Волфганг. Но нејзината кариера завршила кога ѝ дошло време за мажење. Една монодрама ја врати на сцената, кадешто припаѓа.