Еден од клубовите со најрадикални навивачи во Израел, Беитар од Ерусалим во знак на благодарност до американскиот претседател реши во своето име да додаде и Трамп. Така ќе настапуваат на официјални натпревари.
По најавата на американскиот претседател дека ќе ја премести амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим кој ќе го прогласи за израелска престолнина, се запали Блискиот Исток а реагираа и навивачите на Селтик.