Човекот кој пред 4 години ја предвиде руската интервенција во Украина, сега вели дека следни се балтичките земји и дека тоа ќе биде најголемиот предизвик на новиот американски претседател. Само, да не очекува дека тоа ќе биде класична воена интервенција на Русите.
Иако јавно се згрозени од секој потег на Трамп и од помислата тој да стане претседател на САД, добар дел од актуелните европски политичари веруваат дека на крај може ќе има и некаков ќар од неговиот претседателски мандат.