По серијата огромни расистички скандали и гафови, раководството на Серија А реши да покрене кампања во борба против расизмот во фудбалот, ама толку невешто го направи тоа, што сите се запрашаа дали се нормални?
Полемиката Јуве - Интер по суспензиите од два меча за Икарди и Перишиќ трае веќе 7 дена. Навивачите на Интер решија со шпанската ’пањолада’ (бели марамчиња во знак на протест) да искажат револт од одлуките на дисциплинската комисија на италијанската фудбалска федерација. Делуваше импресивно.