Изминатиот викенд на 69 години почина Холи Вудлон, еден од ликовите во култната песна на Лу Рид од 1973, и една од последните ѕвезди на Енди Ворхол. Што се случи со останатите?
Мистериозниот посетител, кој со децении му оставаше три ружи и полуполно шише коњак на По, трета година по ред не се појави на неговиот гроб. А и Лу Рид, кој му посвети цел албум, веќе го нема.