Срцето на Миа велат докторите имало дупка. Дупка низ која се гледаат некои други светови. Светови полни болка и неизвесност дали ќе издржи тоа тело да го операрираат оние кои се нафатиле да остават во живот две очиња и коски тешки цели три килограми.
Да не даде Бог, еден ден да треба со жив мртовец да зборувате. Во очите да не даде Бог смртта едвај заобиколена да ја видите. Севишниот да ве чува од приказни како некој близок се чека на јаже да го гледа публика. Да не даде Бог предвреме да умирате без пенкало од кое тече животен сируп инсулин наречен. Уште помалку да помислувате како да спасите некој кој чека во смрт да биде вратен порано или подоцна.