Судени се и по името. Тие се „Rolling Stone“, тој е „Like a Rolling Stone“. И така едно половина век. Импресивен јубилеј за дружењето на два темелни камења на рок-музиката.
Ролинг Стоун реши на стари години пак да го интервјуира Боб Дилан, а овој како и секој маж на стари години имаше што да каже за тие што му мрчат по најразлични основи.