Краткиот одговор на прашањето од насловот е дека измислени работи во филмот има многу. Ама тоа не е причина да не слушате два и кусур саати одлична музика.
Минатата недела Ролинг Стоун објави дизајнерски џиџе список на оваа тема. Следеше канонада критики, на кои се придружуваме - немојте да мислите дека ако ги има Вејтс, Кеш и Коен ќе ви простиме за сите останати кои ги нема.
Комбинација на рокенрол ѕвезда и поетски бард, Гребеншиков бил еден од оние кои во времето на СССР свирел „западна" музика со откачени стихови полни сатира и мистицизам. Деновиве има концерти во САД, по повод новиот албум кој зборува за современа Русија и конфликтот во Украина.