Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс - која се држи стамено иако нејзините основачи се разведоа после 27 години брак - призна дека било грешка што зазеле толку голема улога во Светската здравствена организација. Покрај сите оние пребогати држави на светов, оваа фондација е втор најголем донатор на СЗО.
Делта која со месеци го коси светот потекнува од Индија. Нејзиниот наследник омикрон потекнува од Боцвана и Јужна Африка. Индија и Јужна Африка повеќе од една година молат за ослободување на патентите на вакцините за да произведуваат генеричка верзија. Бил Гејтс, фармацевтите и Западот една година не дозволуваат.
Иако застапник на ставот дека големите технолошки компании треба да преземаат мерки за елиминирање на „дезинформациите“ на нивните платформи, Бил Гејтс верува дека протерувањето на Трамп од Твитер не е соодветно, и дека треба да се зборува за тоа.