Судени се и по името. Тие се „Rolling Stone“, тој е „Like a Rolling Stone“. И така едно половина век. Импресивен јубилеј за дружењето на два темелни камења на рок-музиката.
Една од убавите нуспојави од начинот на кој денес се регулирани авторските права е што фановите на легендарни музичари се во ситуација секоја година да добијат нешто старо а вредно од нивните идоли.