И покрај убедливите резултати во групната фаза и елиминацијата на ПСЖ од кој не примија ниту гол, Баварците останаа и без Лига на шампиони. На удар е управата.
Баерн Минхен во 2001. година против Валенсија на Сан Сиро после продолженијата и подобро изведените пенали го освои пехарот во ЛШ по четврти пат во својата историја. Тоа финале ќе се памети засекогаш по еден од најемотивните настани во фудбалот.