Ербиенби почна одлично, имаше пристапни цени за цели станови во некои од најпосетените градови во Европа и светот и на крај успеа да претера и да нуди стан што треба сам да го исчистиш, тродупло поскап од хотелска соба. Среќа па, не е само Ербиенби.
Денови тешки, тмурни, неизвесни и посни, и таман за повторување: Господи Исусе Христе, дај ми да потрае неосудувањето. Не сакам да не јадам месо, а да го изедам мојот брат.