Елена Петровска, Филип Конески и Драган Тренчевски ги изработија најинтересните решенија на велосипедски паркинзи за што организаторот на неодамнешниот конкурс, „Пелистерка", ги награди со по еден велосипед од врвна класа. Оваа акција на компанијата имаше за цел поттикнување на креативниот израз, како и создавање архитектонски елементи преку кои ќе се популаризира и ќе се подобрат условите за урбан велосипедизам. Дизајнерското решение на Елена Петровска, насловено „Закачи се", е прогласено за најдобро и ќе биде основа за изработка и поставување вело-паркинзи на неколку локации во Скопје. Конески и Тренчевски се пласираа на втората и на третата позиција.