„У слободно време 'Си Грмам'" - вели дизајнерот и основачот на Омајгад, Гоце Велески. „Таа фраза сè повеќе и повеќе ја слушав низ град и сфатив дека баш би било супер да се овековечи како дизајн на маица.
Вториот дизајн е дефинитивно најслушаната фраза или шо би се рекло, нема кој не го искористил во одредена дадена ситуација – 'Шо Мајка Tи?'. Иако можеби делува така, сепак оваа фраза нема за цел да навреди, туку да внесе доза хумор во секојдневните разговори."
Третиот дизајн е личен фаворит на Гоце, а пораката е едноставно "Омајгад", но илустрацијата е она што ја прави посебна, забавна и летна маичка. "Едноставно не можам да престанам да се воодушевувам на изразот Омајгад напишан на кирилица - чуден е, едноставен и сè повеќе прифатен и искористуван во секојдневниот говор. Кога сè тоа ќе се спакува со интересна и убава илустрација, според мене, дава одличен исход кој се надевам ќе им се свиѓа и на останатите", кажува Гоце.
Боите на маиците се пролетни, топли и свежи, исполнети со скоро двојно поголеми принтови од претходните дизајни. Чекор напред за дизајнираните маички, а исто така и чекор напред за кирилицата како дел од секојдневниот избор за носење.
Петок е денот, 13-ти датумот, а местото е веќе стандардно - Концепт 37 на Рузвелтова 37. Омајгад ве чека на промоцијата, за чија забава повторно ќе биде задолжен Game Over, а потоа забавата продолжува во летниот клуб Кастро, каде ќе се придружи и DJ Васо зад грамофоните.