ЕБИ СЕ, ИСАКОВСКИ

Избор од поезијата на Игор Исаковски "S.kter Git Isakovski" („Еби се, Исаковски") е објавен во Турција, кај издавачот Делта а во избор и превод на турскиот поет Гокченур Челебиоглу.

Исаковски ќе има промотивни читања во Истанбул на 23 и 25 мај, во организација на Делта а со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

Досега, преведени книги од Исаковски се објавени и во Црна Гора, Велика Британија, Словенија, Хрватска, Холандија и Србија, а делови од неговото книги се преведени на осумнаесет јазици и објавени во повеќе од дваесет земји.

ЕБИ СЕ, ИСАКОВСКИ

(ете ми наслов за некоја идна збирка поезија)

еби се, исаковски (да продолжиме)
со твојата надменост над смртта
со твојата надменост над животот
со твоето плукање врз секојдневието

еби се, исаковски, ти и твоите
замисли за подобар свет
кога и овој каков-таков
го поебуваш колку можеш

еби се, исаковски, нашите деца
никогаш нема да ги читаат твоите срања
фала богу, имаме ние луѓе на позиции
и соодветни кадри за паметни решенија

еби се, исаковски, ти и сите твои
зашто додека ти плукаш врз лицемери
и малограѓани, ние просто се множиме
и се плодиме (ко ебани бацили, би рекол ти!)

еби се, исаковски, и нека се ебат сите слични
на тебе – ќе ви земеме мерка и проверка
во првиот згоден момент. ако не сте со нас
тогаш сте секогаш и вечно против.

тибам сè исаковски, пак ти..!

15.12.2010 03:03

19 мај 2014 - 10:32