„Водени од мислата на Абрахам Линколн дека најдобар начин да се предвиди иднината e да се креира од нас самите, како и од сопственото корпоративно искуство и чувство за општествена одговорност и поддршка на вистинските општествени вредности како фундамент на правната држава и демократијата, „Еуролинк осигурување", со поддршка од над 300.000 верни клиенти, распишува конкурс за стипендирање на 20 најдобри и најперспективни студенти на Правниот факултет „Јустинијан Први" Скопје, во знак на почит кон знаењето и на солидарност со општеството во кое што живееме, работиме и твориме" - Олга Костовска, Претседател на Надзорен одбор на „Еуролинк осигурување" А.Д. Скопје
„Еуролинк стипендија" е дел од долгорочната корпоративна платформа „Еуролинк - Вашата врска со вистинските вредности". За стипендијата ќе можат да аплицираат студенти што ќе запишуваат втора или трета година на додипломските студии на Правниот факултет „Јустинијан Први" во Скопје.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Да е редовен студент во прва или втора година на Правниот факултет „Јустинијан Први", 1 циклус (додипломски студии)
- Да има просечен успех од положени испити над 8.50
- Да не е корисник на стипендија од друг давател
Процесот на аплицирање за „Еуролинк стипендија" ќе се одвива во периодот од 21.05.2014 – 15.07.2014 година.
Кандидатите треба да достават:
- Уверение за положени испити
- Кратка биографија со фотографија
- Краток есеј од најмногу 500 збора на тема: „Мојот личен придонес и одговорност за идниот прогрес на општеството"
Начин на пријавување:
Потребните документи и есејот кандидатите треба да ги достават во печатена форма до Одборот за доделување „Еуролинк стипендија", во архивата на Правниот факултет „Јустинијан Први" во Скопје. Воедно, есејот во електронска форма кандидатите треба да го испратат на е-маил адреса: eurolinkstipendija@eurolink.com.mk
Рок за аплицирање: од 21.05.2014 до 15.07.2014 година
Напомена: Есеите на сите кандидати ќе бидат објавувани на официјалната страница на „Еуролинк осигурување" на социјалната мрежа „Фејсбук", при што, бројот на споделувања и допаѓања од страна на јавноста, ќе влијае на вкупната оценка на кандидатите. Најдобрите кандидати ќе бидат повикани на разговор.
(комерцијален текст)