Врз основа на долготрајно истражување, детални проучувања на пазарот и анализи на навиките на потрошувачите е и последната, најнова интегрирана кампања на Златен Даб. Позиционираноста кон корисникот оваа година е искомуницирана на еден поинаков, интерактивен начин, кој на гледачот му дава активна улога во приказната. Со тоа, Даб им се заблагодарува на своите фанови и ја потврдува својата основна порака - дека она што го прави, го прави за корисниците.
На наративно ниво, приказната е инспирирана од претстојното Светско фудбалско првенство, како настан што е од посебно значење на фановите на Даб, а вистинското изненадување се случува на веб страницата www.mostwanted.mk, креирана специјално за оваа кампања. Овде секој гледач може да создаде свој филм, да го открие интерактивното искуство и да се почувствува како вистинска ѕвезда. Со ваков третман на фановите како вистинските ѕвезди на брендот, пораката на кампањата "Овој Даб е за тебе" во преден план го става токму корисникот. За Златен Даб, фановите на фудбалот и конзументите на пиво се вистинските ѕвезди и херои кои заслужуваат светска популарност, и затоа овој Даб е за сите нив!
Изработена во соработка со познати продукциски куќи чиј посветен и храбар пристап овозможи да се постигне висококвалитетен изглед на приказната и возбудлива динамика на нарација, оваа реклама ќе ги предизвика гледачите и ќе им понуди визуелно искуство што долго ќе се памети.
Овој Даб е за тебе!
(комерцијален текст)