"Јас од мала си имам обичај да не се откажувам. Малку повеќе храброст и неконвенционалнот и се случи ова видео, Фала Богу имам пријатели што се нафатија" ни пишува Ели.
"Ви пишувам затоа што ми е важно да ја споделам мојата кампања со што повеќе креативци кои можеби ќе имаат повеќе разбирање од оние до кои до сега се обратив. Ве замолувам да ми помогнете во споделувањето на видеото и кампањата. Ќе ви бидам многу многу благодарна и ќе ви отсвирам нешто во некоја прилика, ИЛИ ќе ве поканам на првата работилница откако ќе се вратам од Лондон :)
Ептен ми е сон ова, знам каква моќ има музиката, ама знам и дека ја подзаборавивме".
Ели