Code App, Level Up

EESTEC ЛК Скопје во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) од 9 – ти до 15 - ти декември ја организира меѓународната работилницата за развој на мобилни апликации "Code App, Level Up!".

На работилницата учество ќе земат веќе избрани студенти од Европа (од мрежата на EESTEC) и локални студенти од УКИМ, за кои пријавувањето е во тек. Работилницата има за цел да обезбеди бесплатни обуки од областа на креирање мобилни апликации на трите водечки платформи: Android, iOS и Windows Phone/Windows 8.

Обуките ќе ги вршат специјализирани предавачи од конкретнава област од едни од водечките компании во нашава земја, поточно: Microsoft, Seavus, Netcetera и Creationpal. Покрај теоретските обуки работилницата има и практичен дел каде во интернационални тимови под стручна асистенција ќе се реализираат сите идеи за апликации.

Настанот свечено ќе се отвори во Амфитеатарот на Технолошко-металуршкиот Факултет (ТМФ) на 10 – ти декември (понеделник) во 10 часот. Традиционално, ќе се организира т.н. Винска вечер, каде сите поканети ќе имаат можност да уживаат во пријатен музички амбиент и дегустација на квалитетно македонско вино.

Работилницата своето финале ќе го оствари на 14 – ти декември (петок) кога ќе биде презентирана сета остварена тимска работа во текот на неделата.

За повеќе информации, посетете ја веб страната за настанот:

www.eestec-sk.org.mk/codeapp-levelup

и следете го FB настанот, каде ќе бидат објавувани сите предвидени активности:

http://www.facebook.com/events/517247571637831/?fref=ts

Пријавувањето на студенти од УКИМ завршува на 3 – ти декември.

Со почит,

EESTEC ЛК Скопје

www.eestec-sk.org.mk

30 ноември 2012 - 16:25