Плејмејкерски писма на читатели

Самир, ако не го знаеш, е многу посебен чоек - наш чоек, од Тетово, со апетит за филм каков што не сме виделе уште од времето кога Роберт Родригез беше дел од некоја експериментална програма каде лежеше у болница како заморче за да го испитуваат влијанието на некоја хемија на него, и тоа - само за да може да го сними “El Mariachi“.

Почитуван пријателе од другат страна на "send",

Како што сигурно знаеш, се случува Cinedays, сега, за два дена!

И, на Cinedays се случува Самир Љума. Самир, ако не го знаеш, е многу посебен чоек - наш чоек, од Тетово, со апетит за филм каков што не сме виделе уште од времето кога Роберт Родригез беше дел од некоја експериментална програма каде лежеше у болница како заморче за да го испитуваат влијанието на некоја хемија на него, и тоа - само за да може да го сними “El Mariachi“. Ете, таков филмофил и филмски работник ти е Самир Љума. Запамти го името... Нема кој не го знае, нема кој не го сака за на сет.

Самир ти е од оние “дечко за се“ во филмскиот свет, ама дечко за буквално се затоа што стварно го бива за се. Заврши некоја филмска школа во Тетово во отсек фотографија; никој не му даваше работа; ама ете ти упорен Самир - нема филм да не работел макар и како шофер на него. (десетина години подоцна, Самир стана продуцент!)

Има свашта човекот во портфолио. Од трет асистент на камера до фотограф на снимања... Сега беше номиниран за BAFTA (каде работеше како спотер); има еден краток “Мишко“ што растура со награди насекаде (каде беше продуцент и кинематограф), беше фотографот на легендарната фотка која стана постер за '“Панкот не е мртов“ на В. Блажевски... И тука ми муабетов за меилов до тебе. Самир прави изложба на фотографии од снимањата на малтене сите скорешни продукции во Македонија (битни и небитни, а работел некако на сите!).

By the way, Самир има живеено и работено од Доминикана и Еквадор до Лондон и Велес. Башка, Самир е човекот што го организираше гостувањето на Action Bronson и Rita Ora во VICE Балканс (се уште не се искочени епизодите; дечкото е мадафака!)

“Наш чоек“, добар, чесен, квалитетен и како оди - тек ќе го слушаме и гледаме.

Во прилог неколку фотки од изложбата, ако можеш и сакаш - рекламирај му ја.

Бајdвеј, ти предлагам да го гледаш новиот на Ларс Вон Трир (Недела во 22:30) Ако не го гледаш тогаш, нема да го гледаш никаде по торенти.

Д. M.

7 ноември 2018 - 11:30